Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Цркви и манастири arrow Цркви во Стојачката парохија
Цркви во Стојачката парохија
2.06.2008.

 

село Стојаково

 

Црква =Св. Недела+

 

- Црквата „Св. Недела”. Изградена е околу 1860 година, која, за време на Првата светска војна била разурната, со исклучок на олтарната апсида. Инаку пред разурнувањето, црквата била живописана, што може да се константира од остатокот на фреска во олтарната апсида, каде што е насликана Богородица со Христос. Денешниот храм повторно е обновен во периодот од 1920 - 1924 година. Според својата архитектурна форма, црквата е трикорабна, со рамни дрвени тавани. Средниот кораб ги надвишува двата странични кораба. Покривната конструкција е на две води, потпрена на два реда колони со осум столбови. На централниот кораб, во наосот, е насликана фреска со престава на Исус Христос Седржител. Црквата на исток завршува со полукружна олтарна апсида, а со припрата на западната страна, со крстилница и балкон. Црквата има убав иконостас, изработен во 1934 година, од зограф од мијачката тајфа, кој потекнува од Галичник. Во црквата =Св. Недела+ се наоѓаат и икони од XVIII и XIX век. Ѕидовите во наосот не се живописани, но во олтарната апсида, која останала неразурната за време на Првата светска војна, има остаток од стар фреско-живопис, но фреската е оштетена.

 



 

село Богородица

 

- Црква „Рождество Богородично”. Првичната црква била подигната во XIX век, но  се  наоѓала на друго место. Денешната црква „Рождество Богородично” е изградена во 1911 година од мијачкиот неимар Андон Китанов, а иконостасот бил изработен во 1935 година од неидентификуван зограф од Галичник. Според својата архитектурна форма, црквата во с. Богородица е трикорабна, со рамни дрвени тавани, од кои централниот ги надвишува двата странични кораба. Во средината на централниот кораб е насликана фреска со престава на Исус Христос Седржител. Иконостасот во црквата го исполнуваат четири реда икони, насликани во 1935 година од непознат зограф. Во црквата има и стари икони, со потекло од XIX век, од непзнати зографи.

 

 
< Претходно   Следно >