Репортажа од Романија |
27.05.2008. | |
Богословите од Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски„ Скопје, во посета на свети манастири и цркви во Р. Романија (28.04.2008)
Со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и ректорот на Македонската Православна Богословија, Негово Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, матурантите од Богословијата заедно со класниот раководител проф. Коста Орачки, проф. Георгиј Глигоров и свештеник Оливер Ивановски од Битола посетија повеќе свети цркви и манастири во Р. Романија.
Во рамките на оваа едукативно патување покрај
другите знаменитости беа посетени и неколку православни храмови од некогашните романски
и молдавски кнежевства.
Во градот Турну Северин учениците
со професорите посетија една од градските цркви посветена на Пресвета Богородица
кадешто се запознаа со парохот Георгиј Аурел.
Најголем впечаток остави посетата на манастирот Тизмана,
црквата во манастирот е посветен на Св. Никодим Тисмански- Прилепски. Богословите
зедоа активно учество на Божествената Света Литургија. Потоа мајка Евсевија учениците
ги удостои со икона и житие од св. Никодим Тизмански на романски јазик. Исто така
и посетата на манастирот Сихастрија остави пријатен впечаток, таму Семилостивиот
Бог Света Троица ги удостои учениците да се поклонат на гробот на старец Клеопа.
Тие имаа можност да го посетат и женскиот манастир Варатек кој е како едно градче,
брои околу 500 монахињи, а во близина се наоѓа уште еден манастир Агапи кој брои
400 монахињи. Во тоа поклоничко патување, Бог Света Троица, матурантите ги удостои
да ја посетат и црквата Св. Параскева во Јаш, каде се поклонија на светите мошти
на Света Параскева. Потоа во романската престолнина Букурешт ја посетија романската
патријаршија и патријаршиската црква св. Константин и Елена во која имаше свети
мошти од истите светители и Св. Димитриј Бесарабов. Го посетија и манастирот Св.
Антим Ивиреанул таму се поклонија на моштите од св. Петка маченица, моштите од 40-маченици
во Севастија и мошти на св. Неофит и св. Акакиј.
Од нациналните знаменитости
најголем впечаток остави народниот дом или палатата на Чаушеску.
Известува:
проф.
Коста Орачки
Патријаршија на Романската црква
Народниот дом на Романците
Манастирската црква во Тисмана
гробот на старец Клеопа
црквата „Света Параскева“ во Јаш
Сихастрија
|
< Претходно | Следно > |
---|