Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Осветување на камен темелник
22.05.2008.
 
Sample Image
 
 
На 18. 05. 2008 год., ден недела, во црквата посветена на Мајката Божја во кавадаречкото село Марена, беше отслужена Света Божествена Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе клирици. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот и свештенослужителите, како и присутните верници пристапија во дворот на храмот каде беше извршено осветување на камен темелници на нова црковна трпезарија.
 

 

 Sample Image

 

Sample Image

 

Sample Image

 

Sample Image

 

 

 

 

Црква Св. Богородица, с. Марена


 

    Црквата се наоѓа сред село до главнот пат што води за Кавадарци. Изградена е во втората половина на 19. век. Архитектонскиот облик на црквата е трикорабен, формиран од два реда колони кои се меѓусебно врзани со арки. Корабите имаат рамни дрвени таваници а главниот кораб се надвишува над страничните, каков што е случајот со повеќето цркви во овој крај. На источната страна од црквата е олтарната апсида а две ниши во олтарниот простор ја вршат функцијата на проскомидија и ѓаконикон. Внатрешноста на црквата е осветлена со по три прозорци на јужната и северната страна. Главниот влез во црквата е од западната страна, а помал влез - спореден е на северната страна. На западниот дел во црквата е галерија на која има една лента со фреско натпис и годината 1879 најверојатно како година кога црквата била зографисана.   
    Внатрешноста на црквата е исполнета со фрески по ѕидовите. На северниот и јужниот ѕид во првата зона се насликани светци во цел раст: Св. Кирил и Методија, Св. Петка, Св. Мина, Св. Тодор Трион, Св. Атанасиј и други. Композицијата „Страшниот суд" е насликана на јужниот ѕид во втората зона над светците во цел раст. Големите празници со композициите Воскресение Христово, Влегување во Ерусалим (Цветници) и други се наоѓаат на северниот ѕид во втората зона. Во главниот кораб и тоа во горните делови насликани се симболите на четирите евангелисти. Тука се и претставниците на Богородица, Исус Христос и Бог Саваот.Композицијата Благовештение е над олтарната конха а во нишата од проскомидијата е композицијата Христос воскресна од гроб. На западниот дел од црквата - галеријата е презентирана композицијата Успение Богородично а лево и десно се пророците: Данаил, Илија, Соломон, Давид, Исаија, Елисиј и Еремија.
    Иконостасот во црквата е исполнет со икони: престолни, празнични и на светите апостоли. Престолните икони на Св. Никола, Св. Ѓорги, Богородица со Христос и Св. Јован Претеча се од зографот Петре од Тресонче 1870 г.
 
< Претходно   Следно >