„Но, мамо, досадно е во црквата” |
15.05.2008. | |
ѓакон Тимоти Шел
Малкумина се оние православни семејства, кои не ги слушнале овие зборови од своите деца како што се овие. Но сепак, оваа појава не е ограничена само на децата. Повеќето од возрасните, исто така потребно е да се борат со вакви чувства и помисли - па дури и ако тие гласат „Уште колку има” или кога ќе заврши?
Во спротивно, штом овие поплаки во почетокот ни се чинат безизлезни, сериозни проблеми се кријат зад овие прашања. Ако допуштаме чувството на здодевност и монотонијата да се всади во нас, тогаш градиме ѕид помеѓу светите служби и нашите души. Благодатта ни се дарува преку Светата тајна Црква, а ако ние градиме бариери самите се ограничуваме и самите се вдлабочуваме во нив. Значи, потонуваме длабоко и сè подлабоко, сè додека не престанеме конечно да доаѓаме на служба, уништувајќи се самите себе со тоа што се одрекуваме од Црквата.
Она што треба да го направиме, пред да им кажеме на децата дека службите не се здодевни, е да го направиме спротивното: да признаеме дека се здодевни - согледувајќи ги од аспект на „културата” на денешното време. Сега ние доаѓаме со срцето и умот, кои ни се навикнати на модерен концепт на „разонода” и „забава” што за време на нив (службите) навистина чувствуваме здодевност. Причината е во тоа што технолшките промени на современиот свет причинуваат своевиден чувствителен свет, за да не можеме да го почуствуваме достоинството на Православната служба бидејќи тој е загаден со куп ѓубре, кое е плод на нашето чувствително забележување.
На најголемиот дел од човечкиот род, секојдневниот живот во минатото му бил проста борба за опстанок. Куќите им биле прости со минимално украсување, а најчесто и без намештај. Имотот бил ограничен на неопходност, а со уметност се занимавале само богатите. Музиката секогаш била дел од општествениот живот, но се користела само за празници. Писмените луѓе биле реткост, а книгите и ракописите се сметале за вистинско богатство.
Поради светоста на Црквата, и желбата преку чувството на црковниот храм да се пренесе предвкус на рајот, повеќето градби биле конструирани грандиозно. Тие биле исполнети со богат фрескопис, со сцени од Евангелието и со животот на многумина светии. Храмот го исполнувал богата и хармонична музика. Пријатниот миризлив темјан насекаде се вознесувал и сите чувства биле во можност да учествуваат во славењето на Бога. Низ вековите постојат многу сведоштва на наблудувачи кои бивале поразени од сета ова убавина. Службите давале смисла и колорит наспроти непродуховениот живот.
Но постепено, технологијата почнала да ги преокупира нашите чувства. Сега дури и слабо опремените станови нудат поголема удобност од најбогатите замоци во минатото. Пред се ние поседуваме многу повеќе, отколку можело претходно да се замисли. Денес дури и посиромашните семејства се во можност да седат во меки фотељи, и да уживаат во луксуз. Технологијата ни нуди повеќе „слободно време” и можност да бараме возбудување во нашиот живот.
Забавните паркови постанаа стандарден дел од америчкиот живот, и ни овозможуват да доживееме возбудување какво сакаме. После пронајдоците на умот и техниката за снимање на звукот, имаме дено-ноќен пристап кон музиката. Многумина луѓе толку многу се навикнале на (нон - стоп) музика околу себе, што мислат дека без неа веќе не можат да функционираат. Меѓутоа, најголем впечаток оставува сепроникнувачката филмска техника. Скоро постојано сме бомбардирани од списанија во слики, весници, фотографии, рекламни плакати и многу други рамни површини кои се испишани по нешто. И токму, во овој век, многу се усовршени движечките слики. Филмовите на ТВ постојано презентираат многу акција, авантура, еротика и хорор. Секој производ се стреми да го надмине својот предходник во поробување на вниманието на луѓето. Ни се чини дека разонодата станала смисла на животот. За секое нешто се суди по тоа колку е нештото забавно.
До каде не доведува сево оваа во поглед на Црковните служби? Нашите служби, сега како и предходно, изобилуваат со убавина и вистина, но нашите чувства се презаситени да го забележат тоа. Нашата надеж за добра забава, не доведува до разочарување во Црквата. Се помалку и помалку луѓе доаѓаат. Можеби нашите срца сè уште тежнеат кон Бога, но целата наша култура подсвесно ни сугерира дека Црквата застарела и изгубила значајност. Некои христијански групации (вклучувајќи ги, за жал и некои Православни цркви) пробувале директно да го решат овој проблем - но резултатите се поразувачки. Римокатолиците со својот Втор ватикански концил, одлучиле службата да ја направат помодерна, така речено да ја упропастат. Службите и обврските се скратени, и сè се променило. Резултатот е скоро потполн колапс во дициплината на нивната црква како и нејзино максимално напуштање. Некои протестантски групации, од друга страна пак, пробале директно да се спротивстават, уредувајќи ги своите храмови како театар и поставувајќи професионални концертни мултимедијални служби со цел да ги привлечат и задржат своите следбеници. Резултат на ова е истискување на богослужбите и нивна замена со забава. Тогаш што можеме да направиме? Следните четири ознаки можат да ни послужат како против отров, кои модерното време ги претопило во нашите души:
1. Согледуваме дека проблемот не може да се реши со промена на Црквата. Повикот на Црквата е да сведочи за Вистината и да спасува души, а не да нè забавува. Разбирливо е дека црковните служби се од Бога устроени поради наше духовно растење и спасение. Сфаќаме дека проблемот не е во службите (самите по себе), туку како ние ги доживуваме истите.
2.
Прифаќаме дека, од световна гледна точка, службите се здодевни. Претворањето дека ги доживуваме поинаику, нè доведува до разочарување и отстранување од службите. Треба да сфатиме дека во Црвата не се оди поради забава.
3. Да почнеме просто да го сосредоточуваме умот на службите како своја должност кон Бога. Да одвоиме време за служба како наша жртва кон Бога, за што нема да очекуваме ништо за возврат. Битно е во тој момент да не бидеме само со телото присутни, туку и духот да го насочуваме кон Бога, размислувајќи за Него и Неговата Црква.
4.
Конечно да се потрудиме што повеќе да учествуваме на службите. Да пееме и читаме на певницата ако е можно. Дури и ако не е, едноставно што повеќе да се внесуваме во молитвата. (Парадоксално е што дури и од световно гледиште ако повеќе се вдлабочуваме, побрзо и ни поминува службата!)
Мора да се нагласи дека службите никогаш не се „здодевни”, бидејќи за тоа време преку нашите молитви ние општиме со натприродното и се присоединуваме со самиот Бог. Кога би можело да се удостоиме да го видиме духовниот свет никогаш нема да посакаме да заврши службата. Но, за жал, и ние кои живееме во овој век, користиме модерни критериуми за да го оцениме квалитетот на службата. Кога би можеле да гледаме на Божјите служби како на неопходен пат кон спасението, а не како на потенцијална забава, ќе можеме да отпочнеме да се ослободуваме од истенчените демонски сугестии за службата, и според тоа да ја проценуваме колку е таа „занимлива”. Се случува, кога нешто повеќе пати ќе го доживееме, тоа да стане здодевно, правејќи нè зловолни и затапени. Сите нас кои нè мачи прашањето за црковните служби, или оние кои ги потценуваат, добредојдено ќе биде конечно да прогледаме со здрави очид.
„Не знаевме дали сме на небото или на земјата”, извикале пратениците на светиот кнез Владимир, додека го известувале за својот престој на Божествената литургија во црквата Света Софија во Цариград. Дури и православните служби служени во скромни храмови, мали параклиси или капели, можат длабоко да го допрат човекот.
Човекот кој пред некое време ја посетил малата парохиска црква на Средниот запад, вдахновен од својата прва Божествена литургија ја испеал следнава песна:
Преку дверите
Како да сум стоел пред капината која гореше
и постоеше купишта пепел.
Како да сум претстојувал со Данил во лавовата јама,
со лавови кои пееја заедно со ангелите.
Како да сум играл на висока жица,
со Небесата над и под себе.
Како да сум се провлекувал низ иглени уши,
ме извлекуваа илјади ангели,
а нешто ме влечеше назад!
Како да вдишав пламен.
Како да сум летал.
Како да се пеело на ангелски јазици,
без каков било звук.
Како да се борев на смрт
со кнезот на ѕверовите
и бев пуштен да победам.
Како да останав без капка крв.
Како да сум пиел вино,
вино подобро од најдоброто.
Беше како љубов на прв поглед.
Беше како венчавка.
Дрет Поет Али
Превел и подготвил: дипломиран теолог Илија Поп Гонов
|
< Претходно | Следно > |
---|