Објаснување на некои посебни обреди во Црквата |
15.05.2008. | |
Зошто се
осветува грозјето
на Преображение?
Грозје и житни зрна се принесуваат во Црквата за благословување од една страна - во знак на благодарност на Бога, Кој ги дарува овие плодови за живот на луѓето, а од друга страна и затоа што од тие плодови ги приготвуваме виното и лебот за свештенодејствие, зашто и третото апостолско правило и 28-то на шестиот Вселенски собор дозволува тие плодови да се внесуваат во црквата. Истата намера, со која се принесуват и овие плодови во црквата, опишана е и во молитвите на нивното благословување, т.е. за Господ Бог да ги благослови плодовите давајќи им „дожд, благорастворен воздух, и погодно време за нивно созревање, за да ни бидат храна, а исто така и да се принесуваат како дар во храмот за осветување на Светите Тајни Христови”. Свети Василиј Велики (во беседата за 32 псалм) посочува на причината за ова молитва: „земјоделецот добива плодови од земјата не толку за своите трудови, туку поради Божјата добрина.”
Кај нас осветувањето се извршува на празникот „Преображение”, а во северните делови од земјата осветувањето се извршува подоцна (на „Успение”), бидејќи подоцна созреваат плодовите.
Каноните ги одлачуваат на една година без причест, оние кои вкусиле грозје пред осветувањето.
Зошто
се спрема
коливо, односно
варена пченица
на Тодорова
Сабота?
- За да напомене на чудото со кое средство, коливото, христијаните се сочувале од идолското сквернавење. Светиот великомаченик Теодор Тирон на 56 година по својата смрт се јавил во сон на Цариградскиот патријарх Евдоксиј, во 362 година, и му открил дека идолопоклоничкиот цар Јулијан Остапник - Апостат, наредил: во првата недела од Великиот пост, да се пороси со крв од идолски жртви секое јадење на пазарите, па така да се осквернат христијаните. Патријархот забранил на народот купување на јадење таа недела и наредил: кој нема ништо за јадење, да купува пченица со мед. Така било и направено.
Зошто
се спрема
коливо, жито
- варена пченица
за слава?
- Во молитвата со која се очитува коливото стои: ... „Всеблагиј Царју...во славу Твоју и в чест свјатаго (кој се празнува)сија предложишасја од твоих рабов и в памјат во благочестивеј вере скончавшихсја” ... т.е. коливото е спремено во слава Божја и во чест на светителот кој се празнува, и за спомен на починатите предци од кои сме ја наследиле славата. Од тука е јасно дека: коливо треба да подготвува секој кој слави слава; па и оној кој ја слави славата на св. Архангел Михаил, Св. Илија, Голема и Мала Богородица, Цветници, Спасовден, Света Троица и т.н. Коливото на славите и на помените ја означува тајната на воскресението на телото.
|
< Претходно | Следно > |
---|