Молитва на срцето |
15.05.2008. | ||
Архимандрит Георгиј Капсанис
ристос се вселува во човечкото срце
преку Светите Тајни - Крштение, Миропомазание, Исповед и Божествената
евхаристија. Кон светата причест пристапуваат оние Христијани кои се во заедница
со Христос, Кои Го имаат Бога и Божјата благодат во себе и во своите срца,
бидејќи се крстиле, се покајале и се исповедале.
Но
како што пепелта ја покрива жарта, така и страстите ја помрачуваат Божјата
благодат во нас.
Затоа,
живеејќи богоугодно, со молитва се очистува срцето од страстите и жарта на
Божјата благодат се разгорува во Христијанинот и тој започнува повторно да Го
чувствува Христа во своето срце, кое е центар на неговото битие.
Секоја
молитва на Црквата помага да се очисти срцето. Но, посебно е корисна молитвата
во една реченица, „Молитвата на срцето“ или „Исусовата молитва“,
која гласи: „Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот!“. Оваа молитва ги има следниве предности: таа, бидејќи
се состои само од една реченица, му помага на човекот успешно во својот ум да
го собере сето молитвено внимание. Преку таквата прибраност, молитвеникот го „спушта“ својот ум во срцето, внимавајќи да не го вознемирува својот
ум со никакви други работи, ниту помисли, ни добри ни лоши, и тогаш се посветува
само на Бога. Употребата на умносрдечната молитва, која со текот на времето и
со помош од Божјата благодат, може да стане непрестајна, е една цела наука, за
која што светителите од нашата вера говорат во своите дела, а особено во
обемната антологија на делата на православните отци наречена „Добротољубие“.
Исусовата
молитва им помага на луѓето пружајќи им голема радост. Напредувајќи во оваа
молитва и живеејќи, истовремено, во согласност со светите Христови и Црковни
заповеди, Христијаните се удостојуваат со опитно примање на Божјата благодат.
Започнуваат да ја вкусуваат сладоста од заедницата со Бога преку сопственото
искуство: „Вкусете и видете колку е благ Господ“
(Псал. 33, 9). За нас,
православните, Бог не е идеја, нешто за што
едноставно размислуваме, разговараме или читаме: за
нас Бог е личност, со која живееме во лична заедница, Оној со Кого живееме и Кого Го спознаваме.
Од
голема духовна помош е за Христијаните кои живеат во светот, опкружени од различните
дневни грижи и активности, ако успеат во текот на денот, да пронајдат барем
неколку минути мир за да се помолат со Исусовата молитва. Секако дека, секој
подвиг и секое извршување на должностите со смирение и љубов и во согласност со
Божјата волја, го осветува животот на христијанинот.
Но, молитвата е навистина неопходна. Во тивка соба (по можност после одредени
духовни подготовки кои се состојат во палење на кандилото пред иконата и кадење
со темјан во просторијата), што е можно подалеку од врева и вознемирување и по
неколку мига на смирување на умот, христијанинот
е подготвен да го спушти својот ум во срцето, изговарајќи ја молитвата: „Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот!“.
Колкав
мир и храброст црпи човековата душа од ваквото тихување
во Бога! Колку само сила добива душата од оваа молитва, за преку целиот ден да
биде во состојба да го чува мирот свој, недопрен од грижите и вознемирувањата.
Оваа молитва им овозможува на енергиите на човечката душа да делуваат во
согласност и единство.
За
жал, многу луѓе го бараат својот духовен мир во разните псевдо-духовни,
опрелестени и демонизирани учења, како што се таканаречените „источни религии“. Тие се обидуваат да добијат мир преку некои надворешни
вежби, медитација и слично на тоа, за да постигнат рамнотежа помеѓу душата и
телото. Грешката во сите тие обиди е тоа што човекот, занимавајќи се со таквите
активности и обиди да ги отфрли сите свои мисли и сиот материјален свет,
всушност не разговара со Бога, но со самиот
себе. Така се затвора во ќор-сокак на човекоцентризмот и ја промашува целта.
превод:
отец Љупче Миланов |
< Претходно | Следно > |
---|