Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Јубилеј - Божествена Литургија
12.05.2008.
      
 
Sample Image
 
 
        Соборно заедничарење во едната Света Православна Црква – токму вака би се опишала Архиерејската Божествена Литургија во Соборниот храм „Св. Вмч. Пантелејмон“ во Велес по повод одбележувањето на трите јубилеи во Повардарската епархија. 50 години од воскреснатата Охридска Архиепископија, олицетворена во Светиклиментовата Македонска Православна Црква, 30 години од формирањето на Повардарската епархија и 10 години од архипастирската дејност на дедо Агатангел беа предоволен мотив за многу верни чеда од сите краеви на Македонија, како и од секаде од дијаспората да дојдат во Велес и заедно да ги прослават овие радосни мигови за Македонската Православна Црква и македонскиот народ, воопшто.
 


 

Архиерејската Божествена Литургија започна во 08, 30 часот во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. Вмч. Пантелејмон“. На Литургијата чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски Г. Г. Стефан, во сослужение на Митрополитите – Повардарски Агатангел, Полошко-кумановски г. Кирил, Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Брегалнички г. Иларион, поранешен Митрополит Европски г. Горазд и архимандритите Нектариј и Арсениј, како и свештенослужители од повеќе епархии на Македонската Православна Црква.

 

Голем број на верни чеда, од Велес и многу градови од Македонија, како и многумина кои од дијаспората пристигнаа за да бидат дел од овие радосни мигови, молитвено ја проследија Светата Литургија – токму онака како што вистински му прилега на еден народ, на чија земја и се препишува предзнакот „библиска“.

 

По завршувањето на Литургијата, на Митрополитот Повардарски г. Агатангел  по повод 10 годишнината од неговото хиротонисување во епископ на Македонската Православна Црква му беа подарени пригодни подароци.

 

 

На многаја лета, владико свет! 

 

 


Sample Image
 
 Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
 Sample Image
 
Sample Image
 
 Sample Image
 
Sample Image
 
 Sample Image
 
Sample Image
 
 Sample Image
 
Sample Image
 
 Sample Image
 
Sample Image
 
 Sample Image
 
Sample Image
 
 Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 

 

Прославата на јубилеите беше завршена со свечен ручек за присутните гости.

 

фотографии: Александар Цаневски 

 
< Претходно   Следно >