Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Архиерејско намесништво Гевгелија

Sample Image   

Возљубени чеда во Христа Спасителот,

Исполнети со огромна духовна радост од последните торжествени настани во нашата Богомдарувана Повардарска епархија, односно осветувањата на две нови духовни светилишта во градовите Гевгелија и Кавадарци, би сакале да Ве известиме дека сите заедно ќе посведочиме уште на еден таков радосен духовен настан.

На 14 Ноември 2021 година, ќе ја осветиме црквата „Св. Атанасиј Велики“ во центарот на градот Богданци. Оваа црква која првично е изградена во 1880 година, поради спој во електричната инсталација беше целосно опожарена во 2014 година. Ова беше голема духовна загуба и за жителите на градот Богданци, и воопшто сите верници на Македонската православна црква. Но и при оваа неволја за градот Богданци и за неговите жители, како и за Повардарската епархија, не останавме рамнодушни, туку напротив веднаш започнавме со изградба на нов импозантен храм кој одново ќе го краси овој град. Со Божја помош и благослов, успеавме во нашите намери.

Тој ден е 14 ноември. Храмот на светиот Атанасиј, архиепископот Александриски, повторно ќе биде духовен светилник на Богданци. Затоа дојдете, заедно, соборно да се радуваме на неговото осветување.

 Митрополит Повардарски г. Агатангел

 
 
Архиерејско намесништво Гевгелија
23.05.2007.

  • Архиерејски намесник протоереј Миле Штрбевски

  • Гевгелија   

  • црква „ Св. Вознесение Христово  - Св. Спас” Гевгелија  

  • протоереј Миле Штрбевски - старешина

  • црква ,,Св. Кирил и Методиј” - Гевгелија 

  • свештеник Влатко Бојков - старешина 

  • Протоереј - ставрофор Маријан Радински 

  • Свештеник Крсте Шабанов 

  • село Моин - црква „Св. Архангел Михаил“; старешина на храмот протаставрофор Марјан Г. Радински;

  • село Мрзенци - црква „Св. Константин и Елена“; старешина на храмот протаставрофор Марјан Г. Радински;

  • село Ново Коњско - црква “Св. Димитриј” - во изградба; старешина на храмот протаставрофор Марјан Г. Радински;

  • село Старо Коњско - црква “Св. Димитриј” - старешина на храмот протаставрофор Марјан Г. Радински;

  • излетничко место Смрдлива вода - црква “Св. пророк Илија” - старешина на храмот протаставрофор Марјан Г. Радински;

  • Богданци

  • Свештеник Димче Ставревски, старешина на храмот “Св. Атанасиј Велики” - Богданци,

  • село Ѓавото - црква „Успение на Пресвета Богородица“ - старешина на храмот свештеник Димче Ставревски;

  • Негорци 

  • Свештеник Мите Петков, старешина на храмот “Св. Атанасиј Велики” - Негорци,

  • село Прдејци - црква „Св. Петка“; старешина на храмот свештеник Мите Петков;

  • село Смоквица - црква „Св. Димитриј“; старешина на храмот свештеник Мите Петков;

  • село Кованец - црква „Св. Димитриј“; старешина на храмот свештеник Мите Петков;

  • село Серменин - црква „Св. Георгиј“; старешина на храмот свештеник Мите Петков;

  • Валандово

  • Свештеник Љупчо Миланов, старешина на храмот “Св. вмч. Димитриј” - Валандово,

  • Валандово - манастир „Св. вмч. Георгиј“; старешина на манастирот свештеник Драги Гаштарски;

  • село Брајковци - црква „Св. Георгиј“; старешина на храмот свештеник Љупче Миланов;

  • село Балинци - црква „Св. Димитриј“; старешина на храмот свештеник Љупче Миланов;

  • село Марвинци - црква „Св. Петка“; старешина на храмот свештеник Љупче Миланов;

  • село Грчиште - црква „Св. Архангел Михаил“ и манастир “Св. Петар и Павле”; старешина на храмот свештеник Љупче Миланов;

  • село Раброво црква “Св. Илија”; старешина на храмот свештеник Љупче Миланов;

  • село Градец - црква “Св. Димитриј” и Манастир “Св. Атанасиј”; старешина на храмот свештеник Драги Дончевски;

  • Миравци

  • Свештеник Петар Петрушев, старешина на храмот “Св. Константин и Елена” - Миравци,

  • село Давидово - црква „Раѓање на Пресвета Богородица“ и манастир “Св. Илија”; старешина на храмот свештеник Петар Петрушев;

  • село Петрово - црква „Вознесение Христово”; старешина на храмот свештеник Петар Петрушев;

  • село Милетково - црква „Св. Петка“; старешина на храмот свештеник Петар Петрушев;

  • село Габрово - црква „Св. Атанасиј Велики“; старешина на храмот свештеник Петар Петрушев

  • Пирава 

  • Свештеник Драги Дончевски, старешина на храмот “Св. вмч. Ѓорѓи” - Пирава,

  • село Јосифово - црква „Успение на Пресвета Богородица“; старешина на храмот свештеник Драги Дончевски;

  • село Удово - црква „Св. Атанасиј Велики“; старешина на храмот свештеник Драги Дончевски;

  • Стојаково 

  • Свештеник Крсте Наков, старешина на храмот “Св. Недела” - Стојаково;

  • село Богородица - црква „Рождество Богородично“; старешина на храмот свештеник Крсте Наков;

 
< Претходно