


| Света Божествена Литургија во Гевгелија |
| 19.10.2026. | |
|
![]()
Во Дваесеттата недела по Педесетница, на 18 октомври 2026 година, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија. Во духот на молитвеното празнување и во чест на 130-годишниот јубилеј од постоењето на храмот, беа осветени фрескоживописаните икони на Светиот Нектариј Егински и Светиот Серафим Саровски, поставени на прекрасни резбани балдахини. Со овој свечен чин, храмот се збогати со нови светињи, кои ќе бидат украс на црковниот простор и поттик за молитва, духовно укрепување и благочестив живот на верниот народ. Нека молитвите и застапништвото на светите Божји угодници бидат со сите верни, а јубилејот на овој свет храм да биде поттик за уште поголема вера, љубов и единство во Христа.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|