


| Покров на Пресвета Богородица - сеноќно бдение |
| 14.10.2026. | |
|
![]()
На празникот Покров на Пресвета Богородица, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенството на Повардарската епархија, отслужи сеноќно бдение со Света Божествена Литургија. По благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, на овој голем Богородичен празник повторно беше воспоставена оваа древна богослужбена пракса во Повардарската епархија, која претставува особено значаен израз на православната духовна традиција, молитвениот подвиг и литургискиот живот на Црквата. На бдението присуствуваше многуброен верен народ од сите архиерејски намесништва на Повардарската епархија, кој во заедничка молитва го прослави празникот посветен на Пресвета Богородица. Голем број верници останаа до раните утрински часови, пристапувајќи кон Светите Христови Тајни и причестувајќи се со Светите Христови Дарови. Сеноќното бдение е древен богослужбен чин на непрестајна молитва, духовна будност и подготовка за средба со Господа. Преку псалмопеењето, молитвите и светата Евхаристија, верните се повикуваат кон подлабоко заедничарење со Христа и исполнување на својот христијански живот. Нека молитвеното застапништво на Пресвета Богородица, чиј свет Покров го прославуваме, биде закрила и утеха за сите верни, а Господ Исус Христос да ги укрепува во верата, надежта и љубовта, дарувајќи им мир, духовна радост и спасение.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|