


| Најдобриот воспитувач - ново издание |
| 5.10.2026. | |
|
![]()
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, од печат излезе книгата „Најдобриот воспитувач“, во издание на Издавачката дејност на Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“. Насловот на оваа книга во себе ја носи и нејзината најдлабока порака: Најдобриот воспитувач е Бог. Човекот може да поучува, да насочува, да советува и да воспитува, но вистинското преобразување на човековото срце се случува под Божјото раководство. Бог е Оној Кој нè учи на љубов, милост, смирение, трпение и добродетели, Кој нè исправува кога грешиме и нè повикува постојано да растеме во верата и во доброто. Затоа, христијанското воспитание не е само пренесување знаење и правила, туку водење на човекот кон Бога. Родителот, учителот, воспитувачот и духовникот се повикани да бидат сведоци на доброто и со својот живот да му го покажат на човекот Патот кон Христос. Делото Најдобриот воспитувач од српски јазик на македонски го преведе свештеникот Јани Мулев. Цена на книгата: 500 денари Книгата можете да ја порачате во Издавачката дејност на Повардарската епархија на тел: 043 221 231, да испратите порака на е-пошта: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , или, пак, да пишете порака на нашата ФБ страна.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|