


| Православна светлина бр. 79 |
| 29.09.2026. | |
|
![]()
Возљубени, со особена радост го споделуваме 79. број на списанието „Православна Светлина“, трет број во јубилејната 20-та година од неговото печатење и духовно мисионерство. Овој број, традиционално, пристигнува во благословениот период меѓу празникот Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден и Соборот на сите македонски светители, исполнет со молитва, духовна радост и благодарност кон Бога. Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Агатангел, „Православна Светлина“ продолжува да ја исполнува својата мисија – да го шири словото на верата, да ја негува православната духовност и да сведочи за богатото духовно и културно наследство на Македонската православна традиција. Нека овој број биде уште една светлина на патот кон верата, љубовта, молитвата и духовното единство.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|