


| Воздвижение на чесниот Крст |
| 27.09.2026. | |
|
![]()
Крстот нè повикува да се поклониме на распнатиот Христос. Крстот е знамето на православието, крстот е знамето на христијаните, крстот е спасението на човештвото, крстот го победува сатаната, крстот нè искачува во царството небесно. На празникот на пронаоѓањето на чесниот Крст, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во храмот на светото Вознесение Христово во Велес. На Литургијата сослужуваа повеќе клирици на Повардарската епархија, а пред чесниот Крст се поклонија голем број верници.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|