Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Нови изданија на нашата издавачка дејност
Нови изданија на нашата издавачка дејност
17.09.2026.

 

Sample Image

 

Возљубени,

Со особена радост ве известуваме дека, со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, од печат излегоа две духовно значајни книги во издание на Издавачката дејност на Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“: „Павле – апостолот на народите“ и реиздание на книгата „Невидлива борба“.

Книгата „Павле – апостолот на народите“ е духовно и поучно дело посветено на животот, апостолското дело и мисијата на светиот апостол Павле, еден од најзначајните проповедници на Христовото Евангелие и апостол на народите.

Преку страниците на ова дело читателот се запознава со животниот пат на светиот апостол Павле, неговото чудесно преобраќање, неговиот подвиг, страдањата и неуморната проповед на Евангелието Христово. Неговиот живот сведочи за силата на верата, љубовта кон Христа и целосното посветување на човекот на Божјата служба.

Делото е од свети Инокентиј Херсонски, а од руски јазик на македонски јазик го преведе ѓаконот Петар Петковски.

Реизданието на книгата „Невидлива борба“ од свети Никодим Агиорит доаѓа како одговор на големиот интерес на читателската публика и желбата на многубројните читатели повторно да ја имаат оваа драгоцена духовна книга достапна.

„Невидлива борба“ е духовно-поучно дело посветено на внатрешната борба на човекот со страстите, искушенијата и слабостите, но и на начинот на кој христијанинот, преку верата, молитвата, духовната будност и Божјата благодат, може да им се спротивстави на искушенијата и да напредува во духовниот живот.

Книгата претставува драгоцено четиво за секој христијанин кој сака подлабоко да го разбере духовниот подвиг и борбата што се одвива во срцето и умот на човекот, насочувајќи го кон духовно усовршување, надминување на сопствените слабости и стекнување добродетели кои го преобразуваат срцето и го приближуваат човекот кон Бога.

Цената на двете книги е идентична, односно 350 денари.

Книгите можете да ги нарачате во Издавачката дејност на Повардарската епархија: 043 221 231; Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете или со порака на нашата Фејсбук страница.

Нека овие духовни дела бидат на радост и духовна полза на сите читатели и поттик за продлабочување на верата, молитвата и христијанскиот духовен живот.

 

 

 
< Претходно   Следно >