


| Свети Фануриј |
| 9.09.2026. | |
|
![]()
На 09. 09. 2026 година кога Светата Православна Црква го празнува споменот на светиот маченик Фануриј - заштитник на учениците, во храмот „Св. Јован Крстител“ во Велес се отслужи Света Божествена Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а сослужуваа свештенослужители од градот Велес. По Литургијата се отслужи Молебен за успешна школска година за Човекољубивиот Господ, нашиот Спасител, да ги просветли сите ученици, за да бидат за радост на своите родители и од полза на нашата татковина Македонија и на Светата Македонска црква. На молебенот на сите присутни дечиња во храмот им беше дарувана икона со ликот на свети Фануриј, а на која беше испишана и молитвата за учење.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|