Литургија - Велики Четврток |
24.04.2008. | |
Со Света Василиева Литургија во храмот на Пресвета Богородица во Велес, започна празнувањето на торжествените празници кои му претходат на Христовото Воскресение.
Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство од Велес.
По завршувањето на Литургијата беше извршен општ маслосвет, кој се прави за здравје и спасение и исцелување на духовните и телесните болести на сите верници. Митрополитот го поучи насобраниот народ зошто се осветува ова масло и кога и како да го користи ова осветено масло.
Главно за овој значаен ден од Страдалната седмица е дека Господ тогаш ги
востанови двете суштествени тајни за нашето спасение: Светата евхаристија
(на Тајната вечера: „Земете, јадете, ова е
телото Мое кое за вас се прекршува за отпуштање на гревовите! Пијте од неа
сите. Ова е крвта Моја која за вас и за мнозина се излева за отпуштање на
гревовите! Правете го ова во Мој спомен“.) и Исусовата молитва
(„...Вистина, вистина ви велам: што и да
посакате од Отецот во Мое име, ќе ви се даде“ (Јован 16, 23). „И што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го
направам за да се прослави Отецот во Синот. Ако посакате нешто во Мое име, Јас
ќе го направам...“, Јован 14, 13 - 14).
|
< Претходно | Следно > |
---|