


| Светите апостоли Петар и Павле |
| 12.07.2026. | |
|
![]()
На денот кога Светата Православна Црква молитвено го прославува споменот на светите славни и сефални апостоли Петар и Павле, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенство од сите архиерејски намесништва на Повардарската епархија, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес. Во молитвена атмосфера исполнета со духовна радост, на Светата Литургија присуствуваа голем број верници, кои со благоговение учествуваа во богослужението, а многумина од нив пристапија кон Светата Тајна Причест, соединувајќи се со Христа преку Неговите Пречисти Тело и Крв. Овогодишното празнување на Петровден беше збогатено и со уште една значајна пригода. Имено, на овој голем христијански празник се навршија 28 години од архипастирската служба на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, исполнети со неуморен труд, посветеност во сведочењето на православната вера и грижа за духовниот живот на свештенството и верниот народ во Повардарската епархија. По завршувањето на Светата Литургија, од името на целокупното свештенство на Повардарската епархија, како и од името на сите нејзини верни чеда, со пригодно слово кон Митрополитот се обрати протоереј-ставрофор Игор Пармачки, упатувајќи искрени честитки и благодарност за неговото долгогодишно архипастирско служење, молитвената грижа и татковската љубов со кои веќе 28 години ја раководи Повардарската епархија, посакувајќи му Господ да му подари добро здравје, духовна крепост и многу години плодна архиерејска служба на полза на Светата Црква и на спасението на доверениот му народ.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|