


| Канонска визитација на цркви во изградба |
| 9.06.2026. | |
|
![]()
На 9 јуни 2026 година, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, изврши канонска визитација на повеќе храмови на територијата на велешкото архиерејско намесништво на Повардарската епархија, кои се наоѓаат во завршна фаза на изградба и фрескоживопис. Во текот на посетата, Митрополитот ги посети црквите „Св. апостоли Петар и Павле“ во населбата Превалец, „Св. Петка“ во село Лозово, „Св. пророк Илија“ во село Чалошево и „Св. Троица“ во село Мамутчево. При посетата на светите храмови, Владиката непосредно се запозна со текот на работите поврзани со фрескоживописувањето, кое во моментот се изведува во сите четири цркви. Тој изрази задоволство од досегашната реализација на живописот и упати благодарност до сите ктитори, добротвори, свештенослужители и верници кои со својата љубов, труд и материјална поддршка придонесуваат за изградбата и украсувањето на овие свети храмови. Тој истакна дека подигањето и разубавувањето на Божјите домови претставува трајно сведоштво на верата и побожноста на верниот народ. На крајот од визитацијата, Владиката посака успешно и навремено завршување на фрескоживописот, како и Божји благослов врз сите што учествуваат во овие богоугодни дела. |
| < Претходно | Следно > |
|---|