


| Недела на сите светии |
| 7.06.2026. | |
|
![]()
Во Неделата на сите светии, Митрополитот Повардарски г. Агатангел чиноначалствуваше со Светата Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, во сослужение на повеќе свештенослужители од велешкото архиерејско намесништво на Повардарската епархија. На оваа Литургија, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, согласно Одлуката на Светиот архиерејски Синод на МПЦ-ОА, го одликуваше досегашниот протоереј Драги Гаштарски со право на носење на граден крст, односно со достоинство протоереј-ставрофор.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|