


| Матурираше 58-мата генерација богослови |
| 7.06.2026. | |
|
![]()
На 06.06.2026 година, беа доделени дипломите на 58-мата генерација богослови при Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“ – с. Драчево, Скопје. На свечената прослава, којшто се одржа во просториите на Богословијата, беа присутни: Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, ректорот на Богословијата – Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, како и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, којшто, воедно, беше и пратеник од Синодот на МПЦ – ОА на овогодишните матурски испити. На доделувањето на дипломите присуствуваа и севкупниот наставнички колегиум на Богословијата, како и свештеници и монаси – поранешни ученици и почитувачи на просветната дејност на овој духовен расадник.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|