


|
Возљубени, Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник). Сите останати услови остануваат непроменети. |
| Светите рамноапостолни цар Константин и царица Елена |
| 3.06.2026. | |
|
![]()
На денот кога Светата Православна Црква го чествува споменот на светите рамноапостолни цар Константин и царица Елена, во храмот „Св. Јован Крстител“ во Велес беше отслужена Света Архиерејска Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенослужители од Повардарската епархија. На ова евхаристиското чествување молитвено присуствуваа бројни верници кои се собраа да го прослават празникот на светите Константин и Елена, чиј живот и дело оставиле неизбришлива трага во историјата на христијанството. Со празнична беседа кон верните се обрати протоереј Јован Илиев, кој говореше за значењето на верата и ревноста на светиот цар Константин и неговата мајка, светата царица Елена, кои преку својата посветеност кон Христа придонеле за ширењето и утврдувањето на христијанската вера низ светот и ги повика верните да останат цврсти во православната вера, следејќи го примерот на светителите кои со својот живот сведочеле за вистината на Евангелието. На крајот од Светата Литургија, верниот народ пристапи кон Светата Тајна Причест, а присутните го примија архипастирскиот благослов од својот надлежен архијереј. Нека молитвите на светите рамноапостолни Константин и Елена бидат застапништво пред Господа за нашиот народ, за светата Црква и за сите верни кои со љубов го прославуваат нивниот светол спомен. |
| < Претходно | Следно > |
|---|