


|
Возљубени, Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник). Сите останати услови остануваат непроменети. |
| Втор ден Духовден |
| 2.06.2026. | |
|
![]()
На втор ден Духовден, Митрополитот Повардарски г. Агатангел чиноначалствуваше со Светата Божествена Литургија во црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци, во сослужение на Митрополитот Австралиско-новозеландски г. Никола, како и со повеќе свештенослужители од кавадаречкото архиерејско намесништво. На оваа Литургија, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, согласно Одлуката на Светиот архиерејски Синод на МПЦ-ОА, го одликуваше досегашниот протоереј Тане Величковски со право на носење на граден крст, односно со достоинство протоереј-ставрофор.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|