


| Педесетница |
| 31.05.2026. | |
|
![]()
На празникот Педесетница – Слегувањето на Светиот Дух врз светите Апостоли, во соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес беше отслужена Света Архиерејска Божествена Литургија, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел. На светата богослужба молитвено сослужуваше свештенството од Повардарската епархија, а во храмот присуствуваа бројни верници кои со особена духовна радост учествуваа во евхаристиското собрание, прославувајќи го големиот празник на раѓањето на Христовата Црква. Со празнична беседа кон верните се обрати протоереј Ристе Јанушев, кој говореше за значењето на Педесетница како исполнување на Христовото ветување за испраќање на Утешителот – Светиот Дух, Кој ги просветлува, осветува и укрепува верните во нивниот духовен живот, и нагласи дека и денес Светиот Дух дејствува во Црквата, повикувајќи ги верниците кон единство, љубов, покајание и сведочење на евангелските вредности во современиот свет. По завршувањето на Светата Литургија беше отслужена и Вечерна богослужба со коленопреклони молитви, кои традиционално се читаат на овој голем Господов празник, при што верниот народ заедно со своите пастири ги вознесе своите молитви за мир во светот, благосостојба на Светата Црква и спасение на сите луѓе.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|