Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow За православната вера и живот... arrow Настани во најава arrow Конкурс за ученици во Богословијата
Конкурс за ученици во Богословијата
29.05.2026.

 

Sample Image

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

·         да имаат завршено основно образование;

·         да имаат основно познавање на Православието;

·         да се телесно и душевно здрави;

·         да не се постари од 18 години;

·         да не се женети.

Приемниот испит се состои од писмена работа и тест по македонски јазик и литература и испит по пеење.

Тестот по македонски јазик ќе го опфати материјалот од граматика и литература, а писмената работа ќе биде на тема од литературата или од лектирите од 5-то до 9-то одделение.

Испитот по пеење се состои од проверка на музичките способности на кандидатите преку пеење на музичката скала и песни.

Kандидатите кои нема да освојат минимум 60 бодови, се смета дека не го положиле приемниот испит и нема да бидат рангирани.

Молбите за прием се поднесуваат преку парохискиот свештеник и надлежниот архиереј до Управата на богословијата. Приемниот испит ќе се одржи на 15.06.2026 година (понеделник), со почеток од 09.00 часот.

По потреба, ќе се спроведе и втор приемен испит кон крајот на јуни.

Кандидатите треба да ги приложат следните документи:

·         свидетелство за свето крштение;

·         свидетелства од 5-то до 9-то одделение;

·         благослов од надлежниот архиереј;

·         уверение од парохискиот свештеник за подобност на кандидатот за

·         свештенички чин;

·         лекарска потврда;

·         писмена согласност од родителите дека кандидатот може да учи во богословијата и обврска од нив дека редовно ќе ги подмируваат интернатските трошоци доколку ученикот не е стипендист.

За полагање на приемниот испит кандидатите се должни да уплатат 1500 денари кај секретарот на богословијата, најдоцна до денот пред полагањето на приемниот испит.

Ќе бидат примени најмногу по тројца кандидати од секоја епархија.

Упис на вонредни ученици не се одобрува.

Од управата на

Македонската православна богословија

„Св. Климент Охридски“

 

 

 

 
Следно >