


|
Возљубени, Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник). Сите останати услови остануваат непроменети. |
| Свети рамноапостоли, Кирил и Методиј |
| 26.05.2026. | |
|
![]()
На денот во кој ги чествуваме сесловенските и македонски просветители, рамноапостолните браќа Кирил и Методиј, во црквата посветена на овие наши духовни горостаси во Велес, се отслужи Света Архиерејска Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј и бројно свештенство на Повардарската епархија. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го потстрижа во чин чтец, Димитриј Петсанидис, македонец, кој неодамна се пресели од Канада во Македонија. Во навечерието на празнувањето на свети Кирил и Методиј, пак, чествувањето на овие наши духовни горостаси беше збогатено со културно-уметничка програма во велелепниот храм посветен на сесловенските и македонски просветители, во центарот на градот Велес. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот и многубројниот народ имаа можност да проследат прекрасни културно-уметнички изведби. Најпрво, протоереј Драги Гаштарски во своето Слово за житието на свети Кирил и Методиј, вдахновено го претстави бесценетото дело на светите македонски великани, потоа поетесата Даница Лепојевиќ одлично го изведе рециталот „Толкување на болката“, а по нив го слушнавме убавото созвучје на велешката музичка група „Чикс“.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|