


|
Возљубени, Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник). Сите останати услови остануваат непроменети. |
| Вознесение Христово - Спасовден |
| 21.05.2026. | |
|
![]()
На празникот на Светото Вознесение Христово, во храмот посветен на Вознесението во Велес беше отслужена Света Божествена Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе клирици на епархијата. Традиционално, молитвено присуствуваа голем број верници од градот Велес. По завршувањето на Литургијата беше осветена вода и беа осветени и прекршени празничните колачи.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|