Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Крводарителска акција
Крводарителска акција
18.05.2026.

 

Sample Image

 

На 17.05.2026 година, со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а во пресрет на празникот посветен на светите рамноапостоли браќа Свети Кирил и Методиј, во административните простории на храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес се реализираше крводарителска акција, организирана во соработка и координација со Црвен Крст на Република Македонија.

Оваа хумана акција претставуваше уште едно сведоштво за љубовта, солидарноста и грижата кон ближниот, вредности кои Црквата постојано ги негува и поттикнува меѓу верниот народ. Голем број граѓани, верници и хумани луѓе се одзваа на повикот и со своето учество дадоа личен придонес во спасувањето човечки животи.

Со особена благодарност ја истакнуваме пожртвуваноста и хуманоста на сите крводарители, благодарение на кои беа собрани околу 60 крвни единици. Овој одзив уште еднаш потврди дека кај нашиот народ постои силно чувство на заедништво, милосрдие и подготвеност да се помогне таму каде што е најпотребно.

Повардарската епархија упатува искрена благодарност до сите учесници во акцијата, како и до екипите на Црвениот Крст кои професионално и посветено ја реализираа оваа благородна иницијатива.

Нека делото на светите Кирил и Методиј биде постојан поттик за духовно единство, љубов и несебично служење на ближните.

 

 
< Претходно   Следно >