


|
Возљубени, Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник). Сите останати услови остануваат непроменети. |
| Осветена црквата „Св. Агатангел Битолски“ во Велес |
| 10.05.2026. | |
|
![]()
По благоволието на нашиот Бог Света Троица, Отецот и Синот и Светиот Дух, на ден 10.05.2026 Лето Господово, се изврши осветување на велелепниот храм „Св. Агатангел Битолски“ во Велес. Светиот чин на осветување на храмот го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, како и на бројно свештенство на Повардарската епархија. По чинот на осветување на храмот се отслужи и првата Божествена Литургија во него. Храмот се изгради под покровителство на Повардарска епархија, и со доброволни прилози на православните христијани од Велес и од цела Македонија, кои се запишани во книгата на ктиторите, помагателите и украсителите на овој свет православен храм. Чинот на осветувањето на црквата молитвено го проследија многубројни верници од Велес, но и од други македонски градови, меѓу кои присутни беа и Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев и пратеникот во македонското Собрание, г-дин Александар Јамалов. Фрескоживописот и иконите во црквата ги изработија зографите Велче Свеќаров и Гоце Василески од Велес, а иконостасот го изработи копаничарот Љубомир Бисинов од Велес.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|