


| Свети великомаченик Георгиј, Пирава |
| 6.05.2026. | |
|
![]()
На празникот на Светиот великомаченик Георгиј - Ѓурѓовден, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на овој светител во валандовското село Пирава. На Литургијата присуствуваа голем број верници од Пирава и околните села кои традиционално го празнуваат Ѓурѓовден и како слава на селата во кои живеат. Присутните верници се причестија со Светите Христови дарови, а по завршувањето на Литургијата беше осветен и празничен колач за здравје и спасение на верниците.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|