


За православната вера и живот...
Настани во најава
Освет на црквата „Св. Агатангел Битолски“ во Велес | Освет на црквата „Св. Агатангел Битолски“ во Велес |
| 15.04.2026. | |
|
![]()
Возљубени, исполнети со духовна радост што Севишниот Бог и Спасител, нашиот Господ Исус Христос ни даде сили и благослов, да ја изградиме црквата на светиот Агатангел Битолски во градот Велес, како и комплетно внатрешно да ја уредиме, за да биде уште еден духовен светилник на овој град, Ве повикуваме сите заедно да ја споделиме оваа духовна радост и да земеме молитвено учество во овој значаен момент за нашата Црква и за градот Велес.
Програма за осветување на црквата „Св. Агатангел Битолски“ 09. 05. 2026 (САБОТА) † 17.00 часот - Вечерна Богослужба на која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел со свештенство на Повардарската епархија; 10. 05. 2026 (НЕДЕЛА) † 08.15 часот - Пречек на Митрополитите Повардарски г. Агатангел и Кумановско-осоговски г. Григориј; † 08.30 часот - Чин на осветување на црквата „Св. Агатангел Битолски“; † 09.30 часот - Архиерејска Литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, како и на бројно свештенство на Повардарската епархија.
Домовите Божји, или црквите подигнати во слава на нашиот Создател и Спасител, се голем дар и благослов Божји за луѓето кои се вложиле себеси да изградат живеалиште на Севишниот Господ Бог. Со Божја помош и закрила, а за радост и духовно преуспевање на верниот македонски православен народ, во последниве дваесет години ја засиливме обновата и изградбата на нови Божји домови и духовни светилишта, цврсто верувајќи дека токму црковната и духовната обнова ќе придонесат и за севкупната национална преродба и будење.
Митрополит Повардарски г. Агатангел
|
| < Претходно | Следно > |
|---|