


За православната вера и живот...
Настани во најава
Учество на Саем на книгата 2026 | Учество на Саем на книгата 2026 |
| 15.04.2026. | |
|
Ве известуваме дека во рамките на учеството на Македонската православна црква на годинешниот 38-ми МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГАТА, кој ќе се одржи од 23. 04. 2026 година до 29. 04. 2026 година во спортскиот центар „Борис Трајковски“, Повардарската епархија ќе ги претстави сите свои изданија од своите две активни издавачки дејности „Св. Ѓорѓи Полошки“ и „Ѓаконија“. Сите изложени изданија на саемот ќе бидат со репрезентативни цени (намалени) во однос на редовните продажни цени на книгите. Покрај книгите, на штандот на Повардарската епархија ќе бидат изложени и бесплатни примероци од списанието на Повардарската епархија „Православна светлина“. Оваа година ќе претставиме повеќе нови изданија од нашата издавачка дејност, во однос на минатогодишниот саем, и тоа книгите: „Светлост од Запад“, кое е двотомно издание за животот и делото на отец Серафим Роуз, „Чуда Божји во XXI век“, „Современи атонски подвижници“, „Летај високо“, „Свети Теофан Полтавски, духовник на царското семејство“ и „Воскресна преобразба“. Ве покануваме да го посетите штандот на Македонската православна црква и да одберете некое од нашите изданија.
![]()
|
| < Претходно | Следно > |
|---|