Поклоничко патување во Светата Земја |
22.04.2008. | |
слика 1
Земјата Израел е остварување на еден
сон, ветена од Господ на Авраам и неговите следбеници, таа е награда на Израилот,
воден од Мојсеј, по излезот од Египет, соединета во моќна нација под водство на
Соломон и Давид. Израел е родното место на нашиот Господ Исус Христос, родното
место на христијанството. За секој христијанин е сон да ја посети оваа земја.
Па така, со помош Божја, неколку православни христијани од нашата татковина
Македонија предводени од протоереј Кирко Велински, кој служи како парохиски
свештеник на Македонската Православна Црква во Хрватска и водичот од
туристичката агенција Компас, во периодот од 21 до 28 март ја посетивме Светата
земја.
Очекувањата и имагинацијата во нашите умови беше далеку надмината кога во утрото на нашето пристигнување од аеродромот се наближувавме до светиот град Ерусалим.
![]()
слика 2
![]()
слика 3
![]()
слика 4
![]()
слика 5
![]()
слика 6
![]()
слика7
Нашето очекувано патување по светите места го започнавме од Маслиновата Гора од која имавме прекрасен панорамски поглед на Ерусалим (сл. 1 Маслинова Гора) (сл. 2 панорама на Ерусалим). Од тука се спуштивме во Гетсиманската градина (сл. 3 и 4 Гетсиманска градина) во црквата посветена на Христовото молење во Гетсиманската градина (сл. 5 црквата внатре). Потоа ја посетивме црквата Успение на Пресвета Богородица (сл. 6) и се поклонивме пред чудотворната икона света Богородица Ерусалимска (сл. 7).
слика 8
![]()
слика 9
![]()
слика 10
![]()
слика 11
![]()
слика 12
![]()
слика 13
Во Ерусалим влеговме преку Овчата порта (сл. 8) и покрај бањата Витезда се упативме кај палатата на Понтиј Пилат (сл. 9), од каде што почнува Христовото страдање до Голгота. Одејќи по патот на Христовите страдања застанувавме на местата каде што Христос неколку пати паднал, носејќи го својот крст (сл. 10, 11, 12, 13). Колку повеќе се приближувавме до Голгота толку повеќе нашите срца биеја сè посилно и посилно.
![]()
слика 14
![]()
слика 15
![]()
слика 16
![]()
слика 17
Пред храмот на Христовото Воскресение (сл. 14) многубројниот насобран народ чекаше да влезе и да се поклони на местото на Христовото распетие, кое се наоѓа на десната старна од влезната врата, издигнато високо (сл. 15). Потоа спуштајќи се кон гробот толпата од народ сè повеќе се зголемуваше (сл. 16). По неколкучасовно чекање успеавме да влеземе и да се поклониме (сл. 17).
![]()
слика 18
![]()
слика 19
![]()
слика 20
![]()
слика 21
![]()
слика 22
Во Ерусалим исто така ја посетивме и
куќата каде што била одржана Тајната Вечера (сл. 18), гробот на цар Давид (сл.
19) и потоа гората Сион (сл. 20). Од Сион се спуштивме на местото на
Ерусалимскиот храм и ѕидот на плачот (сл. 21, 22). Од Ерусалим заминавме кон Витлеем на посета на местото на Христовото рождество. Во храмот на Христовото Рождество (сл. 23) се поклонивме пред чудотворната икона на Пресвета Богородица Витлеемска, која е стара неколку векови и специфична е по тоа што единствено на оваа икона пресвета Богородица е насликана со насмевка на лицето, (сл. 24) и на местото на Христовото раѓање во Витлеем (сл. 25).
![]()
слика 23
![]()
слика 24
![]()
слика 25
Во петиот ден од нашето патување од Ерусалим се упативме во Назарет, градот на Христовото детство. Овде се поклонивме во храмот на Благовештението (сл. 26) и во храмот на Архангел Гавриил. (сл. 27). Потоа продолживме кон Галилејското Езеро. Поминавме низ Кана Галилејска, местото на едно од првите Христови чуда и храмот посветен на чудото во Кана (сл. 28).
![]()
слика 26
![]()
слика 27
![]()
слика 28
Околу
Галилејското Езеро ги посетивме светите места Капернаум (каде што запознавме
еден монах по потекло од Кукуш, Егејска Македонија, кој во Светата земја живее
околу 17 години. Со нас зборуваше на англиски јазик, но кога се обидов да му го
преведувам она што ние му го кажувавме на македонски, тој ми кажа дека нема
потреба од преведување, бидејќи разбира сè на
македонски, но не може да ни одговара) (сл. 29), гората на Блаженствата (сл. 30)
и местото каде Христос нахранува 5.000 души со 5 леба и 2 риби (сл. 31). Потоа
се упативме кон реката Јордан, во која свети Јован Претеча Го крсти Христос. Поклоничка
традиција е сите поклоници за благослов да влезат во реката Јордан и трипати да
се потопат во водите кажувајќи во себе: во името на Отецот, и Синот и Светиот
Дух. Амин. Па така и ние имавме можност да влеземе во реката каде што се крстил
Господ и со тоа ја осветил водата (сл. 32).
![]()
слика 29
![]()
слика 30
![]()
слика 31
![]()
слика 32
Светиот старец Јероним Егински ги „колнел“ своите духовни чеда, велејќи им, да не видат смрт, додека барем еднаш не отидат во Светата земја и да се поклонат на местата каде што се одиграа најзначајните настани од домостројот Божји за наше спасение. Му благодариме на Бога што нè удостои да се поклониме на местото каде што плотски е роден нашиот Спасител Господ Исус Христос, на гробот Негов и на сите други свети места. Седум дена се многу малку за да се посетат сите свети места во Светата Земја, но и цела година да останевме пак не ќе можевме да видиме сè. Средувајќи си ги мислите и чувствата, со зголемена и укрепена вера се вративме дома, и со надеж дека можеби Бог пак ќе нè удостои некогаш во животот да ја посетиме Светата Земја.
Дејан Белчовски, апсолвент на Богословскиот Факултет |
< Претходно | Следно > |
---|