


| Велигденско издание на „Православна светлина“ |
|
![]()
Возљубени, Со благослов на Негвото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, излезе од печат Велигденското издание на списанието „Православна светлина“. Со овој 77-ми број, влегуваме во јубилејната 20-та година од издавањето на нашето списание. Ова претставува значаен духовен, културен и радосен настан за Повардарската епархија и за сите нејзини верници. Две децении ова списание е светилник на верата, надежта и љубовта, носејќи ја пораката на Христовото Евангелие до срцата на читателите. Неговите страници сведочат за живата вера на народот, за пастирската грижа на Црквата и за непрекинатата духовна просвета. Во текот на изминатите години, „Православна светлина“ стана не само информативен, туку и поучен и вдахновителен глас, кој ги поврзува верниците со вистините на православната вера и традиција. Јубилејот е повод за благодарност кон сите кои со љубов и посветеност придонеле за неговото создавање и раст, но и за нова ревност во продолжувањето на ова благословено дело. Нека и во годините што следат, списанието „Православна светлина“ остане светилник што ќе ги води верните по патот на спасението, просветлувајќи ги нивните души со вистината, мирот и благодатта Божја.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|