Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Крстопоклона недела
Sample Image

Возљубени,

Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник).

Сите останати услови остануваат непроменети.

 
Крстопоклона недела
16.03.2026.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На 15. 03. 2026 година, во третата недела од Велигденскиот Пост - Крстопоклона, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештеници од Повардарската епархија, отслужи Света Божествена Литургија, во манастирот на Светото Вознесение Христово во Гевгелија.

Митрополитот Агатангел и свештенослужителите го изнесоа светиот Крст од олтарот и го поставија во средината на храмот - извршувајќи поклонување на чесниот Крст. Потоа и сите присутни верници пристапија кон поклонување и целивање на светиот Крст, а Митрополитот на секој верник му даруваше китка босилек.

Во третата Недела од Воскресниот пост се поклонуваме на Чесниот и Животворниот Крст Господен, кој нè укрепува во деновите на жалост, потсетувајќи нè на бесконечната љубов на нашиот Спасител, Кој прими крстни страдања заради нас грешните. Оваа Недела се нарекува „Крстопоклона“ и се одликува со тоа што Крстот се изнесува на средината на храмот за поклонение.

 

 
< Претходно   Следно >