Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Недела на Православието
Sample Image     Sample Image
 
Недела на Православието
1.03.2026.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во Неделата на Православието, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес. На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители од епархијата. Со празнично слово за споменот на победата над иконобоството кон насобраните верници се произнесе свештеник Ѓоко Белчовски.

По Литургијата беше отслужен и Молебен, кој се извршува во Неделата на Православието.

Празникот Недела на Православието е востановен во 842 лето Господово како победно празнување над конечниот пад на иконоборството и повторно воспоставување на почитувањето на иконите. Оттогаш свечено се прославува во првата Недела од Великиот пост, како спомен на торжеството на вистинската вера не само над иконоборството, но над сите ереси.

 

 
< Претходно   Следно >