


|
Возљубени, Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник). Сите останати услови остануваат непроменети. |
| Тодорова сабота |
| 28.02.2026. | |
|
![]()
Во првата сабота од Великиот Пост, која православната Црква ја посвети на споменот на свети Теодор Тирон, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе свештенослужители, отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. На светата Литургија на Тодорова сабота, голем број верници доаѓаат во храмовите ширум Повардарската епархија да ги примат Светите Христови Тајни, па така и оваа година во храмовите во градот Велес, речиси сите присутни верници пристапија кон Светата Тајна Причест. |
| < Претходно | Следно > |
|---|