21.04.2008. |
На денот кога го празнуваме споменот на влегувањето на нашиот Спасител
Исус Христос во Ерусалим - Цветници, во сите поголеми храмови ширум
Повардарската епархија беше отслужена Света Божествена Литургија.
Митрополитот Повардарски г. Агатангел чиноначалствуваше со Божествената
Литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија.
Верниот православен народ од денешниот ден го започнува чествувањето на најтешката седмица во историјата на човештвото, седмицата на Христовите страдања која уште се нарекува и „Страстна“.
|