


| Богојавление - Водици |
| 30.12.2025. | |
|
![]()
Прославата на празникот на Богојавлението во Велес започна со света Божествена Литургија во храмот „Свето Вознесение Христово“, на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од Велес. По завршувањето на Литургијата беше формирана Литија до мало мовче од каде што се изврши осветувањето на водите на реката Вардар и беше положен чесниот и животворен крст во водите. Традиционално секоја година велешани масовно присуствуваат на осветувањето на водите и положувањето на животворниот крст, а секоја година голем е бројот на оние коишто влегуваат во студените води на реката Вардар за да го фатат крстот. Оваа година 86 млади луѓе влегоа во водите на реката Вардар за да го фатат крстот за здравје и спасение. Годинава, крстот го фати Стојан Илчевски од Велес, кому ова му беше прво фаќање на чесниот и животворен крст. Нему Митрополитот Повардарски, Господин Агатангел му ја подари Библијата и златен крст, а десетина други спонзори му подарија други пригодни дарови. Покрај многуте верни, светиот чин на осветување на водите и положувањето на Чесниот и Животворен Крст го проследија Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев, Министерот за култура и туризам, г-дин Зоран Љутков, пратениците во македонското Собрание од Велес, г-дин Игор Здравковски и г-дин Александар Јамалов, како и бројни претставници на институциите од градот Велес. Овогодишен кум на празникот Богојавление беше пратеникот во македонското Собрание, г-дин Александар Јамалов со своето семејство. |
| < Претходно | Следно > |
|---|