


| Сеноќно бдение во Велес |
| 30.12.2025. | |
|
![]()
На 31 декември ноќта со почеток од 23.30 часот се отслужи сеноќно бдение во Велес, во храмот на светите сесловенски и македонски просветители Кирил и Методиј. На бдението чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство на Повардарската епархија, а молитвено присуствуваа голем број верници од сите градови на Повардарската епархија, кои достојно пристапија на Светата Причест, а на крајот сите заедно присуствуваа на трпеза на љубовта.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|