Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Нови изданија на Повардарската епархија
Sample Image      Sample Image
 
Sample Image      Sample Image
 
Нови изданија на Повардарската епархија
24.12.2025.

 

Sample Image

 

Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготвија и се испечатија 2 тома од книгата „Светлост од Запад“, посветена на животот и учењето на отец Серафим Роуз. Отец Серафим Роуз (1934–1982) е една од највлијателните личности во современото Православие, особено во Западниот свет. Како американец преобратен во Православната Црква и монах на Руската Задгранична Црква, тој стана познат по своите длабоки духовни книги, строга аскетска мисла и силна одбрана на традиционалното православно учење. Неговото значење е во тоа што им ја приближи православната духовност на луѓето на Запад, инспирираше многу прообраќања во Православие и поттикна враќање кон сериозен духовен живот, покајание и верност кон црковната традиција.

Ова најново двотомно издание од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ е превод на Никола Цилаков, јазичната редакција ја изврши свештеник Јани Мулев, а прекрасната насловна корица и ислустрациите во книгата ги изработи зографот Владимир Симеонов.

Цената на книгите ќе изнесува 600 денари по том.

Книгите може да се најдат во сите храмови на Повардарската епархија или да се порачаат директно од издаваштвото на Повардарската епархија на тел. 043 221 231.

Предговор на книгите

 
< Претходно   Следно >