


| Свети Никола, Мирликиски Чудотворец |
| 22.12.2025. | |
|
![]()
На 19. 12. 2025 година, кога го прославуваме споменот на светиот Никола Чудотворец архиепископ Мирликиски, ревносниот поборник на вистината и учесник на Првиот вселенски собор, во храмот „Св. Петка“ во Кавадарци, беше отслужена Света Божествена Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кому му сослужуваа повеќе епархиски свештенослужители. На Литургијата присуствуваа мноштво верници, кои дојдоа да го чествуваат светиот Никола. Кум на годинешното чествување беше г-дин Никола Наумов од компанијата „Градба промет“, заедно со своето семејство. На Литургијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Кавадарци, г-дин Митко Јанчев, кој е и донатор на параклисот посветен на Светиот архиепископ Мирликиски Никола, во новиот црковно-административен објект при црквата „Света Петка“ кој е во фаза на фрескоживопис.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|