


| Света великомаченичка Варвара |
| 17.12.2025. | |
|
![]()
На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на светата великомаченичка Варвара, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и бројно свештенство на Повардарската епархија, отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес. На Литургијата со празнично слово се произнесе Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. По Литургијата, Митрополитите и свештенослужителите извршија осветување на новопоставените икони во овој храм: копијата од чудотворната икона на Пресвета Богородица од Согленскиот манастир и иконата на света Ксенија Петроградска. Овие икони, на овој храм ги донираше г-дин Бојан Петковски, заедно со своето семејство, кому, во оваа прилика, Митрополитот Агатангел срдечно му се заблагодари. Покрај мноштвото верни, кои молитвено присуствуваа на Светата Литургија, беше и Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев, а присутни беа и претставници на градските институции.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|