


|
Возљубени, Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник). Сите останати услови остануваат непроменети. |
| Свети великомаченик Димитриј |
| 10.11.2025. | |
|
![]()
На денот кога Светата православна црква го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј, во храмот посветен на светителот во Валандово се отслужи Света Архиерејска Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на многубројно свештенство од Повардарската Епархија. Митрополитот Агатангел благоволи и го пострижа во чин чтец, теологот Христијан Марковиќ од валандовското селото Марвинци. Како и секоја година многубројни верни жители на градот Валандово молитвено се поклонија кон свети Димитриј, кого тие го слават како свој патрон и закрилник. На Литургијата, покрај многубројните верници, присуствуваа и Градоначалниците на Општина Валандово г-дин Ѓоко Камчев и на Општина Ново Село г-дин Ѓорѓе Божинов, пратеничката во македонското Собрание г-ѓа Јулија Тушевска, претседателката на Советот на Општина Валандово г-ца Марија Чурлинова, како и повеќе советници од Општина Валандово.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|