


|
Возљубени, Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник). Сите останати услови остануваат непроменети. |
| Сеноќно бдение во Велес |
| 14.10.2025. | |
|
![]()
На празникот Покров на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенство на Повардарската епархија отслужи сеноќно бдение со Света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. Митрополитот Повардарски г. Агатангел благоволи повторно да ја воспостави оваа древна богослужбена пракса во Повардарската епархија на овој празник и навистина голем беше бројот на оние кои чекаа до раните утрински часови да ги примат Светите Христови Дарови. |
| < Претходно | Следно > |
|---|