


| Света Божествена Литургија во Кавадарци |
| 14.10.2025. | |
|
![]()
Во 18-та седмица по Педесетница, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенослужители од кавадаречкото архиерејско намесништво на Повардарската епархија, отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го потсрижа во чин чтец Александар Ангелов од Кавадарци. По завршувањето, Митрополитот Агатангел изврши помазување на сите присутни верници пред иконата на Света Ксенија Петроградска, меѓу кои беше и Градоначалникот на Општина Кавадарци, г-дин Митко Јанчев.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|