


|
Возљубени, Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник). Сите останати услови остануваат непроменети. |
| Осветена црквата „Св. Константин и Елена“ во Скопје |
| 29.09.2025. | |
|
![]()
На 28.9.2025 година, во Неделата по Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан – во сослужение со Нивните Високипреосвештенства, Митрополитите: Преспанско-пелагониски г. Петар, Повардарски г. Агатангел, Крушевско-демирхисарски г. Јован, Брегалнички г. Иларион, Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Кумановско-осоговски г. Григориј и Дебарско-кичевски г. Георгиј; со Неговото Преосвештенство, Епископот Дељадровско-илинденски г. Јоаким, како и со бројно свештенство од Скопската православна епархија – чиноначалствуваше на Осветувањето на велелепниот храм посветен на светите цар Константин и царица Елена, кој се наоѓа во срцето на градот Скопје. Повеќе информации на сајтот на Скопската епархија на МПЦ-ОА.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|