Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Св. вмч. Пантелејмон - Вечерна богослужба
Св. вмч. Пантелејмон - Вечерна богослужба
8.08.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На 8 и 9 август секоја година, Велес го чествува споменот на својот патрон и заштитник, светиот великомаченик Пантелејмон. Овој празник се чествува и како официјален празник на градот Велес и под покровителство на Општината од пред десетина години и покрај тоа што жителите на градот Велес неговата закрила ја чувствуваат многу одамна, за што сведочи и изградбата на Соборниот храм на Повардарската епархија, посветен на овој светител, по чии молитви, градот бил спасен од страшната чума која се појавила во XIX век.

Празнувањето започна со Вечерна Богослужба на која голем број верници од Велес молитвено го просеа застапништвото пред Бога од светиот вмч. Пантелејмон, нивниот закрилник.

По Вечерната богослужба беше организирана Духовна академија на која со пригодни зборови се обратија градоначалникот на Општина Велес, г. Марко Колев, епархискиот секретар, протоѓакон Влатко Стоименов со слово посветено на светиот великомаченик Пантелејмон, а на крајот го проследивме одличниот перформанс на музичкиот состав „Валерија Шојлевска квартет“. Програмата ја водеше велешкиот истакнат актер Васил Зафирчев.

Во утрешниот ден, како централен настан на празнувањето, ќе биде отслужена Божествена Литургија со која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство од целата епархија.

 

 
< Претходно   Следно >