Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Света Божествена Литургија во Стоби
Света Божествена Литургија во Стоби
2.06.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Годинава се навршуваат 1700 години од Првиот вселенски собор, одржан во Никеја, во 325 година. На овој Собор присуствувале и тројца македонски епископи: Александар, Епископ на Солун, Будиј, Епископ на Стоби и Дакиј, Епископ на Скупи. По тој повод, на 31.05.2025 година, денот спроти Неделата која што сеправославниот свет ја посветува на Светите Отци од Првиот вселенски собор, во археолошкиот локалитет Стоби се отслужи Архиерејска Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со Митрополитите: Преспанско-пелагониски г. Петар, Повардарски г. Агатангел, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Кумановско-осоговски г. Григориј. На Литургијата молитвено присуствуваше многуброен верен народ, кој дојде од сите краишта на Македонија, а меѓу присутните беа и поранешниот претседател на Република Македонија, г-дин Ѓорге Иванов, министерот за Култура и туризам, г-дин Зоран Љутков, Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев, пратеникот, г-дин Александар Јамалов, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, како и претставници на локалните институции.

 

 
< Претходно   Следно >