Соопштение за осветување на камен-темелник |
14.05.2025. | |
На 18.05.2025 година (недела), со почеток во 11 часот, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе свештенослужители од Повардарската епархија, ќе постави и ќе освети камен-темелник за изградба на нов македонски православен храм на градските гробишта во с. Раштани - Велес. Новата црква ќе биде посветена на Лазаревото Воскресение. Секој православен христијанин носи надеж дека при второто Христово Воскресение, и самиот ќе биде воскреснат од Господа, како и праведниот Лазар, и дека ќе биде вечно населен во Царството Небесно. Изградбата на православен храм на градските гробишта во с. Раштани е дамнешна желба на сите верници од Велес, па затоа секој е добродојден да присуствува и да земе учество во овој свет и историски чин за нашиот град.
|
< Претходно | Следно > |
---|