Ѓурѓовден, Пирава |
7.05.2025. | |
![]()
На празникот на Светиот великомаченик Георгиј - Ѓурѓовден, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на овој светител во валандовското село Пирава. На Литургијата присуствуваа голем број верници од Пирава и околните села кои традиционално го празнуваат Ѓурѓовден и како слава на селата во кои живеат. Присутните верници се причестија со Светите Христови дарови, а по завршувањето на Литургијата беше осветен и празничен колач за здравје и спасение на верниците. По Литургијата, Митрополитот и свештениците извршија осветување на нова фрекса во крстилницата при оваа црква.
|
< Претходно | Следно > |
---|